Хрватицата Славица од разводот заработи 1,2 милијарди долари и влезе во 10-те најбогати во шоубизнисот

1145

„Селебрити нет ворт“ ја обелодени листата на најбогатите личности од светот на шоубизнисот, а списокот е мошне неочекуван, бидејќи меѓу нив се најде и поранешната сопруга на шефот на Формула 1, Хрватката Славица Еклстон.

На прво место е Џорџ Лукас, човекот кој ги создаде „Војна на ѕвездите“, а чие богатство се проценува на 5,1 милијарда долари. Го следи режисерот Стивен Спилберг со 3,7 милијарди долари, а на третото место се нашла конечно и една жена, водителката Опра Винфри која „тежи“ 3,2 милијадри долари.

Зад неа, на четвртото место, се најде актерката Јами Герц, која во текот на кариерата заработила две милијарди долари, и зад неа каска музичарот Пол Макартни со заработени 1,2 милијарди долари.

На шестата позиција е Славица Еклстон, бившата сопруга на Берни Еклстон, која инкасирала 1,2 милијарди долари.

Mandatory Credit: Photo by Ian McIlgorm / Rex Features ( 523243p )
BERNIE AND SLAVICA ECCLESTONE
THE LAUREUS WORLD SPORTS AWARDS AT THE ESTORIL CASINO, PORTUGAL – 16 MAY 2005

Меѓутоа, разликата е огромна – Хрватката тие пари ги заработила со мажењето за Еклстон, односно со разводот. Славица Радиќ потекнува од Ријека, Хрватска, а со Берни била во брак од 1985. до 2009 година. Се запознале во 1982 година кога тогашната манекенка имала само 23 години на една трка во Италија. „Тргни се оттука“, ѝ се обратил Берни тогаш. „Останувам тука“, дрско му одговорила не знаејќи дури ни со кого разговара. „Ако уште повеќе ми се приближиш, ќе те удрам“, додала таа и го импресионирала со дрскиот став и темпераментот.

23.05.2008 Monte Carlo, Monaco,
Bernie Ecclestone (GBR) and Slavica Ecclestone (SLO), Wife to Bernie Ecclestone Amber Fashion which benefits the Elton John Aids Foundation (EJAF) – Formula 1 World Championship, Rd 6, Monaco Grand Prix, Friday – www.xpb.cc, EMail: info@xpb.cc – copy of publication required for printed pictures. Every used picture is fee-liable. © Copyright: Charniaux / xpb.cc

Медиумите во неколку наврати пишуваа дека Берни и Славица имале многу турбулентен брак и дека таа го тепала, како и дека неколкупати бил виден во јавноста со модринки кои токму таа му ги направила. Во една прилика се појавил во канцеларијата со огромна модринка, признавајќи дека неговата сопруга е виновна за тоа, а сè, бидејќи го видела со убава манекенка.