Граѓани бараат „Клексан“ на црно, од министерството тврдат дека во моментов нема недостиг

511
„Во болница велат сам да си набавиш „Клексан“ инекции, а во аптека нема…“ Ова стои во дел од постовите на социјалните мрежи на граѓани.

Некои од нив велат дека тешко стигнале до лековите, а бидејќи повеќе не им се потребни ги подаруваат на пациенти на кои им се неопходни.

Од Министерството за здравство за Канал 5 велат дека нема недостиг од палетата на антикоагулантна терпија во која влегува „Клексанот“, иако годинава ваквите лекови, се трошат тројно повеќе за разлика од лани.

-Во моментов нема недостиг од овој тип на терапија, ниту во болниците ниту во аптеките. Зголемента потрошувачка се должи на тоа што овие лекови се вклучуваат како терапија кај болните со Ковид 19.

Канал 5 побара одговори и од Агенцијата за лекови. Оттаму велат дека веќе месеци наназад се забележува намалување на количините на ваквите лекови.

Оние аптеки низ земјава што претходно набавиле поголема количина на „Клексан“ и„Фраксипарин“ сепак имаат залиха. Таков е случајот во Велес, потврдува Д-р Лилија Чолакова Дервишова од Здружението на матични лекари.

Добавувачите на „Клексан“ во нивните планирани набавки за годинава имаат предвидено увоз на многу помали количини од сега потребните поради употребата за третман на ковид-позитивни пациенти. „Клексанот“ инаку се употребува за спречување на крвни згрутчувања во вените и артериите.