Глумицата по трет пат се омажи за истиот човек, овој пат церемонијата беше многу скромна

363

Милијардерот Френсис Хенри Пино ја изненади сопругата, славната холивудска глумица, со церемонија на која ги обновија заветите после 10 години.

“Летото е пред крајот, а најдобриот момент беше кога мојот сопруг ја организираше обновата на заветите. Не носев венчаница, бидејќи ми рече дека ме носи на спа”, напиша Селма Хаек под идиличните фотографии од песочната плажа на Бора Бора.

Имено, нејзиниот сопруг, угледен француски милијардер ја изненади Селма со церемонија на која по трет пат ги обновија свадбените завети.

Хенри и Селма се во брак 10 години.

Вистинската и прва венчавка беше во Париз, а овој пат со нив беше и нивната 10 годишна ќерка Валентина.

Невестата носеше розова памучна тоалета и апостолки, на главата носела венец од цвеќе, а младоженецот исто така беше во лежерно издание.