Новак Ѓоковиќ изјави дека ги почитува спортистите кои постигнале голем успех и притоа откри дека од срце навивал за Хрватска на СП во фудбал. Исто така на соседните држави гледа како на свои.
Ѓоковиќ во интервју за „Блиц“ откри дека го почитува хрватскиот фудбалер Лука Модриќ кој е прогласен за најдобар во светот, а особено има голем респект кон оние што доаѓаат од такви „мали држави“.
„Знам каква е политичката ситуација и знам дека раните од војната за многу луѓе се се уште свежи. Цврсто верувам дека спортот треба да се држи надвор од политиката“ изјави Ноле и додаде:
Соседите ни се први комшии. И Хрватса и Црна Гора и Босна и Македонија, на сите нив гледам како на свои. Никогаш не сум имал друго мислење и јас ќе останам секогаш на тоа“.