Герет Бејл се сели во САД (ВИДЕО)

410

Герет Бејл кариерата ќе ја продолжи во САД.

Според американскиот медиум “Ем-Ел-Ес Сокер”, екипата на Лос Анџелес Ф.Ц. (од америчката МЛС лига) ќе го ангажира доскорешниот фудбалер на Реал Мадрид. Велшкиот репрезентативец на крајот на сезоната го напушти “Сантијаго Бернабе” како слободен фудбалер а иако се најавуваше враќање во англиската Премиер лига, сепак искусниот напаѓач одлучи да се пресели во САД.

Тој во Лос Анџелес ќе игра заедно со поранешниот Италијански репрезентативец и капитен на Јувентус, Џорџо Кјелини кој пред две недели потпиша за тимот од Калифорнија.  “Ел-Еј” следната сезона ќе има силен состав во кој освен Бејл и Кјелини ќе настапуваат и Мексиканскиот ветеран Карлос Вела како и Македонецот со американски пасош, Даниел “Дани” Мусовски.

Димитар Младеновски