Ѕвездата на Тотенхем мора да победи на следниот натпревар ако сака да избегне служење војска

454

Фудбалерот на Тотенхем и репрезентативец на Јужна Кореја Heung-Min Son наскоро би можел да заврши на служење воен рок.

Еден од најдобрите јужнокорејски фудбалери во историјата има два начини да се ослободи од обврската да служи воен рок. Имено, Јужна Кореја славеше против Виетнам и избори финале на Азиските игри, а Сон во финалето мора да освои злато како би добил ослободување.

Спрема законите во Јужна Кореја секој маж мора да помине некое време во војска, ѕвездата на Тотенхем тоа уште го нема направено, а за избегнување на војската потребен му е успех со репрезентацијата. Ако тоа не се случи оваа година, тогаш ќе треба да освои медал на Олимписките игри за две години, што му е последен рок.

Од служење војска беа ослободени Ji Sung-park i Li Jong-pyo но тие тоа го заслужија со пласманот во полуфиналето на Светското првенство 2002-ра година, додека Son испадна во групите од светското првенство во Русија.

За неговите солзи се говореше за време на СП во Русија. После испаѓањето од СП Русија Son прсна во плач и му течеа солзи пред новинарите додека одеше накај соблекувалната.

  • Игравме како да зависеше нашиот живот на овој натпревар. Пробав да ги задржам солзите но не успеав кога ги видов моите колеги. Знам колку тие посакуваа да успееме. Некои од нас дури играа и повредени, изјави Сон.