Додека сите гледаат во Русија, Кина троши милиони на тајно ширење на влијание во САД, а најголемата улога ја има оваа организација

404

Кина започнала масивен пропаганден напор ширум САД користејќи комбинација од пари и влијание, за и самата да влијае на клучната политика и јавното мислење, стои во новиот извештај под покровителство на американскиот Конгрес.

Направен по налог на Комисијата за економско и безбедносно оценување на односите меѓу САД и Кина, извештајот од 39 страни е сконцентриран на Обединетиот фронт, организација задолжена за “меката моќ” на Пекинг, за која велат дека драматично се проширила под владеење на Кси Џинпинг.

“Обединетиот фронт служи за промоција на приоритетните глобални наративи на Пекинг, притиска поединци кои живеат во слободни и отворени општества да се самоцензурираат и да избегнуваат расправи за прашања кои не се поволни според Кинеска партија, и вознемирува групи кои се критични за политиката на Пекинг”, пишува во извештајот.

Според извештајот, истакнати американски институции, како Универзитетот Џон Хопкинс и тинк-тенковите како “Атлантското собрание”, “Институтот Брукингс” и “Картер Центарот” или директно добиваат средства од кинеската влада или соработуваат на проекти кои ги финансира Обединетиот фронт.

“Пекинг се обидува делумно да ги пренесе своите пораки, бидејќи верува дека странците веројатно би ја прифатиле пропагандата ако изгледа како да доаѓа од не-кинески извори”, се наведува во извештајот.

Кинеската влада исто така негува мрежа од “основни” организации, како што се 142 здруженија на кинески студенти со база во САД и повеќе од 100 Институти Конфучиј. Нормално, овие организации промовираат културна размена и пристап до кинескиот јазик, врски и култури, но според извештајот, всушност служат за регрутација во разузнавачките служби, како и за средство за промоција накинеските програми, вклучувајќи го и своето работење со геополитичките противници, како Тајван.

“Повеќето Американци и многу членови на Конгресот немаат поим за обемот на активности кои ги преземала веб страната на Кинеската комунистичка партија”, рекол Лари Ворцел, член на Конгресната комисија.

Ворцел рекол дека Конгресот бил запознаен со наодите и повикал на тоа повеќе организации поддржани од кинески организации да добијат статус на странски агент, со што би се откриле нивните намери.

Ваквиот остар став и извештај на Конгресот за ширењето на кинеското влијание на Кина во САД, доаѓа откако во американската јавност со месеци се провлекува прашањето за можните врски на луѓето околу Доналд Трамп и Русија.

Со оглед на тоа дека Кина се издвоила како политички противник на Доналд Трамп, советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, рекол дека Кина потенцијално е вклучена во мешањето на претстојните американски избори во ноември. Но, досега тој проблем не се сфаќал сериозно, бидејќи законодавците во САД повеќе се фокусираат на Русија и нејзиното мешање во претседателските избори во 2016. година.