Делови од Аеродром, Кисела Вода и повеќе скопски села утре без струја

1047

Корисниците од влезот во селото Радуша утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Бојане, од 9:00 до 13:00 часот корисниците од селото Студеничани, од 10:30 до 12:30 часот корисниците од селата Горњани, Бањани, дел од селото Мирковци, Караула Рамно и хидроцентралата Хидро Инвест, а од 12:30 до 14:30 часот корисниците од селата Чардак, Глуво, Бразда, Горно Оризари и дел од село Мирковци.

Во периодот од 12:00 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат улиците „Јабланица“ и „Саса“ во Општина Кисела Вода, од 8:00 до 11:30 часот дел од улиците „Ваташа“, „Жарко Зрењанин“ и „Славка Димовска“ во истата општина, од 8:30 до 14:30 часот улиците „Ѓорѓи Капчев“ и „2“, како и околните улици во општина Аеродром, од 9:00 до 15:00 часот караулата Радуша и селата Орашје и Дворце, а од 9:00 до 15:00 часот улиците „1“, „4“ и „6“ во село Батинци.Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.