Невакцинираните вработени од 31 октомври ќе бидат ставени на список за неплатено отсуство кое би можело да трае до шест месеци.
Престижната консултантска фирма „Alvarez & Marsal (A&M)“ од САД која брои 4.000 вработени, штотуку повлекла црта: или потврда за вакцинација или нема плати.
Тоа е новиот услов за невакцинирани работници доколу сакаат да се вратат на работа. Фирмата во понеделникот интерно ги известила своите вработени за двете опции кои им стојат на располагање, а тоа е или вакцинација или неплатено отсуство.

Целосното враќање на работа е планирано на 7 септември и до тогаш потребно е работниците да донесат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19.
Во спротивно, можат да продолжат да работат од дома, но мора да ги известат своите одделенија или шефот од службата за понатамошните планови за вакцинација. За тоа, секако дека постои одреден рок.
Невакцинираните вработени до 31 октомври ќе бидат ставени на список на неплатено отсуство, кое би им траело до шест месеци. За трудниците нема да важат овие услови.
Фирмата ќе продолжи на невакцинираните работници да им ги дава сите здравствени бенефиции во текот на нивното неплатено отсуство и ќе ги врати на работа веднаш по вакцинацијата.

Во меѓувреме, вакцинираните работници ќе мора да достават доказ за вакцинација така што ќе достават копии од своите потврди.
Одлуката на гигантската фирма од САД моментално е една од најстрогите во бизнис светот. Многу фирми од „Волстрит“ ја одобруваат вакцинацијата, особено кога е потрбно да се вратат работниците во канцелариите, но не отишле толку далеку со нивните одлуки. Нивниот услов е пак работниците да продолжат да работат од дома, но за истото ќе бидат платени.