Ана Николиќ мака мачи со вишокот килограми

584

Иако некогаш важеше за една од најатрактивните пејачки во регионот, Ана Николиќ сега има проблеми со килограмите и една година по раѓањето на ќерката Тара, а тоа и не чуди со оглед на тоа дека некои медиуми пренесоа дека пејачката во породилиштето дошла со дури 125 килограми.

Меѓутоа, извор близок до пејачката тврди дека Ана првите неколку месеци после породувањето одбивала да јаде, но ништо не и помогнало да се реши од вишокот килограми.

-Ана не може да ослаби пореди одредени здравствени проблеми, со кои се бори претходниве месеци. Поради тоа нејзиниот метаболизам е побавен, иако целосно го промени начинот на живот. Се врати на тренинзите и здравата исхрана, но килограмите не заминуваат. Малку ќе ослаби, па малку ќе се здебели, вели изворот додавајќи:

-Сакаше да биде добра мајка и ништо не правеше на штета на својата ќерка Тара, па така изгладнувањето не доаѓаше во предвид. За тоа ни сега не се говори, затоа што никако не е добро за нејзиното здравје.

-Луѓето се навикнаа да ја гледаат низ призма на фатална жена. Јавноста створи одредена слика за неа, а таа е многу повеќе од тело. Нејасно е како се некои во состојба да и замерат на сите хитови кои ги има, нејзиниот однос кон работата и публиката, па и замеруваат на нејзиниот изглед. На никого, а посебно не на жените, не би требало да им се замерува поради што не изгледаат онака како што некој смета дека треба да изгледаат, заклучува изворот.

Инаку, Николиќ пред неколку месеци го најави враќањето на музичката сцена, како и дека многу од новите песни се веќе снимени, но од истиот се уште нема ништо, а не е познато ни точно кој момент ќе го искористи за објавување на материјалите на кои работи.